top of page
Search
  • markukule
  • Dec 13, 2024
  • 1 min read


Министерството за економија и труд сака да се заблагодари на сите општествено одговорни компании (стопанските комори, производителите и дистрибутерите на прехранбени производи и пијалаци, трговци) кои се приклучија на акцијата „Новогодишна кошница“ .


Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие ги понудија производите кои ќе ги дадат по пониски цени за граѓаните, во перидот од 15 декември до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти.


Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи.


Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk


 
 

Министерство за економија
адреса: Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје
тел: +389 2 3085 347   

Logo.png
bottom of page