
Соопштение од Државниот пазарен инспекторат:
Апелираме до сите компании кои се пријавија за учество во акцијата „Новогодишна кошница“ да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а Државниот пазарен инспекторат од 15 декември ќе го контролира спроведувањето на терен.
Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.
Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого ‘Помалку трошоци, повеќе за тебе“ како дел од кампањата на Владата која ќе придонесе за значително зголемување на животниот стандард на граѓаните и намалување на трошоците за живот.
Дополнително, граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната на Државниот пазарен инспекторат www.dpi.gov.mk